Претстојат историски мигови за нашата татковина, за нашиот град, моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност, истакна на прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев, со која опозициската партја и официјално ја започна кампањата за предвремените локални избори за градоначалник
Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад. Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици. Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи најавува едно подобро утре кое ќе внесе насмевка во охридските семејства. Уште денес започнуваме со работа, која ќе триумфира на 21 април. Oбединети и сплотени да продолжиме со создавање нови дела и вредности, кои се трајни и се за охриѓани. – рече Донев.

Заеднички да излеземе и дадеме поддршка за победа на Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид и проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија. Зааедно да почнеме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. За поубав Охрид! За право и правда, за Македонија! – рече Донев.
OhridNews











