СДСМ започна со сервисирање на фактурите за изборниот инжинеринг, од кој најмногу губат граѓаните на Охрид и градот, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.
Дали Константин и неговиот ментор Зоран Заев ќе го одржат дадениот збор од предизборието и ќе ги повикаат институциите да реагираат во врска со незаконската изградба на минарето? Секако дека не. Ниту Зоран Заев кој замина на неколкудневен одмор, ниту Константин ги нема да реагираат и да ги повикаат институциите, затоа што незаконската изградба на минарето во строгиот центар е дел од ненародниот договор кој го склучија Зоран Заев и Константин, а за возврат Константин да стане градоначалник на Охрид. – рече Донев.

OhridNews











