Во текот на вчерашниот ден беа донирани средствата собрани од хуманитарниот турнир во уличен баскет “Street Ball 2017”, што се одржа во заедничка органиција на М.П.З „Методија Патче“ –  Охрид и КК „АВ Охрид“.Дел од средствата беа донирани на центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“. Останатите средства рамномерно беа донирани на три социјално загрозени семејства во прехрамбени продукти, информираат од здружението „Методиј Патче“.

Од здружението „Методи Патче“ изразија благодарност до маркети 2Тамаро“ за поддршката на хуманитарната акција и најавија дека со вакви активности ќе продолжат и во иднина.

OhridNews