ЈП „Охридски Комуналец“ и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Охрид повторно донираа огревно дрво обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски просветители“.

Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Претходно беа спроведени акции за донирање огревно дрво на 7-члено семејство примател на социјална помош, како и на згрижувачко семејство во Охрид.

OhridNews