
Одлуката за тоа денеска ќе ја изгласа парламентот, каде по двомесечна пауза треба да се вратат пратениците од опозицијата.
Во Охрид извесно е дека кандидат за градоначалник на опозициската коалиција ќе биде Александар Петрески, додека листата за советници допрва ќе се составува. За ова ќе одлучуваат ограноците и централите на партиите, каде веќе започнале прелиминарните подготовки за учество на локалните избори кои ќе се одржат на 24 март.











