Дополнителни термини за прегледи на артериската циркулација на нозете со Доплер метода, како дел од кампањата за подигнување на свеста за периферната артериска болест (ПАБ), ќе бидат достапни за пациентите во текот на септември во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.

Овој септември секоја среда, во втора смена (попладне) ќе овозможиме по пет дополнителни прегледи на артериска циркулација на нозе со Доплер методата. Прегледите треба да бидат закажани преку системот „Мој Термин“, потенцираат.
Активноста се реализира во рамки на месецот посветен на подигање на свеста за ПАБ, потребата од навремено дијагностицирање, справување со ризик факторите во насока на превенција, како меѓу општата популација така меѓу давателите на здравствени услуги, а со цел да се избегнат тешки оштетувања и инвалидност.
Во оваа област, нескромно можеме да кажеме, дека сме лидер во нашата држава, и по број на процедури и по нивната компксност. Исполнувајќи ја нашата мисија да работиме на превенција, дијагностика и третман на оваа болест се приклучуваме на кампањата „Септември месец посветен на ПАБ“, потенцираат од Кардиолошкиот центар Охрид.
OhridNews










