Германскиот бундеслигаш, Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Александер Исак од шведскиот тим АИК.
„Милионерите“ со 17-годишниот фудбалер кој се споредува со Златан Ибрахимовиќ потпишаа договор до 2022 година, а АИК ќе инкасира девет милиони евра.
Напаѓачот иако има 17 години дебитираше за селекцијата на Шведска на дуелот со Словачка во квалификациите.
Инаку, во трката за Исак клубот од Вестфален стадионот го претрча Реал Мадрид кој понуди нешто помала сума од германскиот тим.
OhridNews