Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја забележаа втората победа на „Купот на шампиони“ кој се одржува во Соединетите американски држави (САД). „Милионерите“ со 3-1 го совладаа Ливерпул, а претходно славеа со минимални 1-0 над Манчестер Сити.
„Црвените“ во 25-та минута поведоа со погодокот на Вирџил ван Дајк. Бројките на семафорот „милионерите“ ги изедначија во 66-та минута со голот од пенал на Кристијан Пулишиќ. Истиот фудбалер во 89-та минута на маестрален начин погоди за водство 2-1, а печат на победа стави Јакоб Ларсен во судиското продолжение.
„Купот на Шампиони“ продолжува на 26 јули со мечот помеѓу Јувентус – Баерн Минхен, а потоа следуваат дуелите помеѓу Борусија Дортмунд – Бенфика, Мен Сити – Ливерпул, Рома – Тотенхем, Милан – Мен Ју, Атлетико Мадрид – Арсенал.
Избраниците на Жозе Мурињо повторно одиграа меч без победник овој пат со Сан Хозе (0-0). „Црвените ѓаволи“ и покрај иницијативата не постигнаа погодок и втор пат ремизираа. Првиот пат ремизираа (1-1).
OhridNews