Продолжува реализацијата на Проектот на владата за домување на социјално ранливите групи. Со него, заклучно 2014 година,  предвидена е  изградба на 35 објекти во 26 града на територијата на целата држава со 1.753 станови.

Како што информираат од министерството за транспорт, во периодот од 2007 до 2011 година се изградени девет објекти со 430 станови. Од нив, 71 се во Охрид,  29 се во Македонска Каменица, 102 стана во два објекти во Општина Ѓорче Петров во Скопје,  32 во Кичево, 29 во Кочани, 30 во Кавадарци и 46 во Крива Паланка. Во 2010 и 2011 година склучени се договори за закуп и вселени се 293 станови наменети за социјално ранливи групи.

 Дел од средствата за реализација на проектот се обезбедуваат преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со комерцијалната градба, а дел од Банката за развој преку Советот на Европа.

OhridNews