Составот на Ливерпул е еден од најактивните на трансфер пазарот доведувајќи дури шест нови фудбалери на Енфилд.
По официјализирањето на шестиот фудбалер „црвените“ почнаа да продаваат играчи, а прв замина Себастијан Коатес кој потпиша за Сандерленд.
Ливерпул очајно бара купец за Марио Балотели кој беше доведен како замена за Луис Суарез, но постигна само еден погодок.
На трансфер листата се наоѓаат уште Фабио Борини, Лукас Леива, Глен Џонсон и Рики Ламберт.
Ohridnews