Мандаторот Никола Груевски, денеска до Собранието го достави Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и нејзината Програма 2014-2018.

На 19-ти јуни, на дневниот ред на седница на Собранието ќе се избира владиниот состав на Република Македонија.

„Констатирајќи го споменатото, а потврдувајќи ја определбата за доследно почитување на Уставот и на законите, и во оваа прилика, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат во предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието. Сигурната европска и евро-атлантска иднина на Македонија е наша заедничка цел, обврска и предизвик, а токму Парламентот е местото каде тоа можеме со здружени сили најдобро да го направиме.Јасно изразената волја на граѓаните на последните избори, освен што го одреди победникот, истата беше одраз на силната демократска свест на сите наши граѓани, партиите, независно од бројот на освоените мандати, да делуваат единствено во демократските институции, чиј врв е Собранието на државата.“ – пишува во соопштението на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

„Курир“ објави дека Зоран Јолевски е министер за одбрана, Зоран Ставрески останува вицепремиер и министер за финансии, а Никола Попоски и натаму ќе биде на чело на министерството за надворешни работи.

OhridNews