По повод Mеѓународниот ден на жените и девојчињата во науката и технологијата, во рамки на училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј” Охрид, беше реализирана едукативна работилница.

На работилницата присуствуваа жени истакнати во нашето општество, професорките од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид Д-р. Гордана Речкоска и Д-р. Снежана Дичевска, како и и Д-р. Катерина Попоска, гинеколог-акушер, од ЈЗУ Општа болница- Охрид, кои на свој начин придонеле за развојот на општеството. Тие во кратки црти ни ја прераскажаа нивната импресионирачка животна приказна и успесите кои ги доживеале трасирајќи го својот пат кон целта. Честа и задоволството беа наши, а целиот настан поттикна мотивирачки чувства кај сите кои беа дел од него, што всушност беше и главната цел, потенцираат од училиштето.

OhridNews










