„Достонство“ до ДИК поднесе кандидатура за лидерот на оваа партија, Стојанче Ангелов, за претседател на државата, јавува „Телма“.
Од партијата до ДИК доставија барање потписите да може да се собираат во повеќе одделенија, а не само во досега предвидените 34. За да може Ангелов да учествува на претседателските избори треба да обезбеди 10.000 потписи поддршка од граѓаните.
Во во трка за потписи како независен кандидат ќе се бори и професорката Билјана Ванковска, како и Јове Кекеновски.
Од македонскиот политички блок, свој кандидат најавија од партијата на Стевче Јакимоски – ГРОМ, додека владејачката коалиција и опизициската СДСМ, се уште јавно ги не ги објавија своите кандидати.
OhridNews