Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија прегорените светилки и на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и кружниот тек кај градскиот плоштад. Истовремено интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување.
Од локалната самоуправа најавуваат дека и во наредниот период ќе се врши тековно одржување на уличното осветлување на територијата на општина Охрид.