Времето денеска во Охридско-преспанскиот регион ќе биде нестабилно облачно со врнежи од дожд кои ќе предизвикаат драстичен пад на дневната температура.

Според прогнозата на Управата за хидометеоролошки работи максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне 11 степени Целзиусови.

Во среда се очекува стабилизирање на времето. Ќе биде променливо облачно со максимална температура до 16 степени. Во четврток се очекува слично време со благ пораст на температурата, додека веќе во петок ќе настапи ново дестабилизирање и врнежи од дожд.

OhridNews