Иако календарски се уште е зима, дневните температури овие денови се вистински пролетни.
Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно време со умерен, повремено засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени Целзиусови, а во Охрид до 14.
Во понеделник се очекуваат уште повисоки температури, но и поројни дождови, кои наместа ќе бидат проследени со грмежи. Врнежите ќе продолжат во текот на неделата.