Лондонските „сини“ со триумф над Ватфорд (4-3) ја зачинија шампионската забава на „Стемфорд Бриџ“ по повод титулата во Премиер лигата.

Фудбалерите на Челси победата за уште подобра прослава ја осигураа во финишот со голот на Цеск Фабрегас. Претходно, „сините“ имаа водство 1-0 и 3-1, но гостите успеаваа да се вратат во игра.

Со многу емоции мечот на „Стемфорд Бриџ“ помина за Џон Тери кој го одигра последниот официјален натпревар во дресот на Челси пред своите гледачи. После завршување на сезонава Тери го напушта клубот, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. 

OhridNews