Екипата на Ливерпул во спектакуларен натпревар на Емирати го совлада Арсенал со (4-3) во дербито од премиерната рунда во англиската Премиер лига.
Седумте погодоци и промашениот пенал на Арсенал во почетокот од мечот најдобро говорат каков меч одиграа двете екипи.
Тео Волкот многу брзо се искупи за промашениот пенал и погоди за 1-0. Примениот погодок ги разбуди „црвените“ кои во финишот од првиот дел го изедначија резултатот преку Филипе Коутињо.
Ливерпул од 49-та до 63-та го торпедираше Арсенал погодувајќи ја три пати мрежата на Петр Чех. Прво стрелаше Адем Лалана, потоа Коутињо, а „покерот“ го комплетираше Саидо Мане.
Арсенал со головите на Алекс Окслејд Чемберлејн и Калум Чембрес го ублажи поразот кој откри многу болни точки во составот од Емирати.
Резултати: Бурнмаут – Мен Ју 1-3, Арсенал – Ливерпул 3-4
OhridNews