Денес ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во Охридскиот регион облачно и постудено со максимална температура до 10 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -2 степени, а максималната ќе достигне 9 степени.
Г.М.













