Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Нестабилно облачно и врнежливо време не очекува и во петок. Врнежите ќе продолжат и во деновите од викендот, информираат од УХМР Македонија.

OhridNews