Дождот го поплави теренот на фудбалскиот клуб Големо Коњари и го одложи натпреварот со ГФК Охрид што требаше да се одигра денеска во рамки на Втората лига.
Дополнителниот термин за натпреварот треба да го одреди Фудбалската федерација.
По дванаесет кола Охрид е трет на табелата со 27 бода колку што има и Брегалница Штип. Лидер е Шкендија Арачиново со 32 бода.
Г.М.













