Поради лошите временски услови отворањето на 62 Балкански фестивал што требаше да се случи вечерва во 20:30 часот на Долни сарај, е преместено во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со мало задоцнување, соопшти националната установа.

На отворањето на фестивалот целовечерен концерт ќе одржи ансамблот „Танец“, а публиката и учесниците ќе ги поздрават потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски.

Г.М.