Со концерт на најреномираниот македонски фолклорен ансамбл „Танец“ и познатите ансамбли „Коло“ од Белград, Србија и „Филип Кутев“ од Софија, Бугарија, вечерва ќе биде отворено 50-то јубилејно издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Поради променливото време, свеченото отворање наместо на сцената на Долни сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20.30 часот.

На јубилејното издание на фестивалот што се одржува под покровителствио на Собранието на Република Македонија, ќе настапат десет ансамбли и фолклорни групи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Романија, Хрватска, Словачка и од Турција.

OhridNews