Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд. Појава на магла има на патниот правец Тетово-Гостивар-Кичево каде видливоста е до 100 метри, информираат од АМСМ.

Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

OhridNews