Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со засилен ветер и град.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, дождот ќе го одмине Охрид, каде денеска претежно ќе преовладува сончево време со максимална температура до 30 степени Целзиусови.

Според најавите дождот ќе го одмине Охрид












