Поради дождот планот за акција која беше предвидена да се спроведе денеска во зоната пожарот на планината Галичица со поголем број луѓе, е променет. Утринава на местото на пожарот се тимови од ТППЕ Охрид, НП Галичица, Планинска спасителна служба и од Дирекција за заштита и спасување, околу 24 луѓе кои ќе направат целосна проверка на опожарениот простор.
Како што информираа од НП Галичица, дождот не беше доволен за целосно гасење на пожарот, се уште има чад во опожарените делови.
Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. На потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризниот штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата, информираше утринава градоначалникот Георгиески
Од ЦУК, пак, велат дека пожарот на Галичица после интервенцијата на хелихоптерот на воздухопловниот ВИНГ и послабите врнежи утринава е локализиран. Се забележуваат уште 2 (две) помали жаришта каде што сеуште има слаб чад, информираат од ЦУК
Договорена е целосна логистичка подршка за дејствување како и механизација за расчистување на планинските патишта. Доколку од екипата на терен се процени дека има потреба за дејствување од воздух ќе се побара поддршка и од АРСМ, се вели во соопштението од ЦУК.
Во текот на вчерашниот ден еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица”, а на координативен кризен штаб беше одлучено утринава да се делува со човечка сила со околу 40 луѓе и две летала од воздух, но како што информираат од НП Галичица, поради дождот оваа акција е одложена и ќе се интервенира само од земја со помал тим.
К.А.
Фото: 05.09.2021