Обилните врнежи од дожд во Охрид: предизвикаа поплави во подруми, гаражи и дворови, информира Центарот за управување со кризи – ЦУК.
На терен интервенираат екипи на јавните претпријатија и локалната самоуправа.

На патниот правец Охрид – Пештани (кај хотел Гранит) има одрон на патот.
Патот е прооден, се расчистува поголеми нанос, а нормализација се очекува во наредни 1–2 часа, информира ЦУК.
Во струшко појавено е свлечиште на локалниот пат Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга.
Се работи на расчистување на свлечиштата и одроните, соопшти ЦУК.
Г.М.











