Обилните врнежи од дожд во Охрид: предизвикаа поплави во подруми, гаражи и дворови, информира Центарот за управување со кризи  – ЦУК.

На терен интервенираат екипи на јавните претпријатија и локалната самоуправа.

Обилни врнежи од дожд во Охрид.

На патниот правец Охрид – Пештани (кај хотел Гранит) има одрон на патот.

Патот е прооден, се расчистува поголеми нанос, а нормализација се очекува во наредни 1–2 часа, информира ЦУК.

Во струшко појавено е свлечиште на локалниот пат Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга.

Се работи на расчистување на свлечиштата и одроните, соопшти ЦУК.

Г.М.