Дождот предизвика прекини на повеќе патни правци, густа магла на превоите
02.12.17 10:40
Патниот правец Р1105 Удово – Валандово е во прекин поради излевање на Калковска Река на коловозот. Алтернативен патен правец е Р 1401 Удово – Марвинци – Брајковци – Валандово. Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот. Во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација. Заглавени биле 4 моторни возила, а луѓето од истите биле извлечени од страна на БППЗ. Екипи има сеуште на терен. Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови. На патниот правец Р1304 Виница – Берово кај м.в. Рибарник, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони, сообраќајот се одвива отежнато. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 -150 метри има на Страцин и до 40 метри на Стража. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Секојдневните грижи барем за една вечер остануваат пред врата Во сабота, 24 октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид пристигнува „На терапија со Ананас“ – стендап-шоу со нов мате...
Со длабока почит и гордост денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој е симбол на вековниот копнеж, пркосот и непоколебливата волја на македонскиот наро...
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.