На почетокот на октомври нивото на Охридското Езеро беше блиску до пропишаниот минимум од 693,17 метри надморска височина. Благодарение на врнежите во ноември и почетокот на декември хидролошката состојба на Охридското Езеро значително се подобри. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, нивото на Охридското Езеро сега изнесува 693,40 м.н.в., што е за 8 сантиметри повеќе од просекот за овој период од годината (693,32 м.н.в.).

До петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст. Во сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела. На повисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има слаби проврнувања од снег, информира УХМР. 

OhridNews