Случувањата во струшко се дел од сценарио смислено во партиските кујни, смета Демократската партија на Албанците –ДПА, според која одговорни за немилите настани се првите луѓе на општините Струга и Вевчани, а одговорност оваа партија гледа и во струшкото миуфиство.

– Во Струга се прикажува најновиот филм според сценарио на Перо Илиески, продуцент е Ферат Полиси, режисер Рамиз Мерко, а жртви граѓаните на Струга, истакна на прес конференција, вчера, Лавдрим Елмази, претседател на огранокот на ДПА  во Струга.

Тој посочи дека градоначалникот на Вевчани во соработка со Министертсвото за култура направил добро смислена сцена која си поигрува со чувствата на верниците. За ДПА збунува дејствувањето на струшкиот муфтија, кој, како што исткна Елмази, треба објасни дали неодамнешниот протест бил верски или политичкиот со оглед на тоа што меѓу предводниците на истиот беше и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој пак, смета Елмази, го искористил собирот за лични интереси.

-До кога ќе продаолжите да опстанувате со вакви сценарија, и да го нарушувате имиџот на Струга?- му се обрати на Мерко претседателот на ДПА Елмази.

Според него тензиите во струшко не се реални туку виртуелни и  истите можат и треба да се разрешат институционално.

-Струга и граѓаните биле, се и ќе бидат лулка на културата, на доброто однесување, толеранцијата и соработката. Вакви и слични сценарија не се дел од Струга, но се дел од тие кои сакаат по секоја цена да ја уништат економски Струга и да ја прикажат во негативно светло.-истакна Елмази.

Инаку, во Струга вчера по втор пат заседаваше локалниот совет за превенција, кој побара надлежните институции да ги пронајдат и казнат предизвикувачите на инцидентите кои ги подигнаа тензиите во овој мултиетнички град.

OhridNews