Очигледно е дека бројот на оние кои се тотално незадоволни од Градоначалникот Петрески е се поголем и поголем. Обидот некакви летоци да ги припише на ВМРО- ДПМНЕ е само доказ за неговиот страв и паника, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со дописот од кабинетот на градоначалникот за денес објавените флаери.

– ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Претседателот, Координаторот на советничката група и советниците секојдневно, храбро, фронтално ,лице во лице  ги напаѓаат погрешните политики на Петрески и локалната самоуправа. Ние немаме никаква потреба од никакви затскривања и покрај заканите кои секојдневно ни се упатуваат. На ист начин храбро и бескомпромисно ќе продолжиме да се бориме против тоталното отсуство на капацитет за водење на Охрид што оваа Локална и овој Градоначалник го носат . И храбро и бескомпромисно ќе ги изложиме нашите поинакви и подобри визии за Охрид, велат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму реагираат и на денешната прес конференција на општинската СДСМ.

– Ако за СДСМ е успешност 8 години да се нема никаква капитална инвестиција во Охрид, ако за СДСМ е успешност урбанистичкото дивеење во Охрид на Локалната со гласовите на мнозинството на СДСМ и Народна, ако за СДСМ е успешност туристичкиот  хаос во Охрид со боксови,мириси и бучава,ако за СДСМ се успех новите бетонски кугли со кои ги загрозуваат животите на граѓаните и туристите, ако за СДСМ е успех новиот долг на Општината од преку 15 милиони евра од овој Градоначалник,ако за СДСМ е успех купот на кривични пријави против Градоначалникот и високи функционери на СДСМ во Охрид, тогаш нека се гордеат со сите овие успеси. Ви благодариме но, за ОК на ВМРО ДПМНЕ овие таканаречени успеси не се визијата за Охрид и жестоко сме против ваквиот однос, стои меѓу другото во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews