Можеби звучи како изненадување, но според најновата листа на списанието Форбс, американскиот рапер Др. Дре е најплатен музичар во 2012 година. Само во оваа година тој заработил дури 100 милиони долари и тоа не благодарение само на својата музика, туку и многу доходовниот бизнис со слушалките “Beats by Dre” кои се вистински хит во светот.

На второто место е уште еден музичар во подминати години кој врвот на својата слава го доживеал многу одамна, а станува збор за Роџер Вотерс од групата Пинк Флојд, кој заработил 88 милиони долари, а својот многу успешен проект “The Wall” сеуште го претставувал ширум светот.