Охридскиот фудбалски клуб, ја реши тренерската дилема назначувајќи го Драган Бочески за шеф на стручниот штаб.

Бочески се враќа на клупата од Охрид, откако замина после лошиот резултаски почеток на „рибарите“ во Втората лига. Бочески на столче во Охрид го наследи Гоце Толески, кој ја заврши есенската полусезона и не најдоа заеднички јазик со клупската управа.

Клубот изминатиов период активно водеше преговори со фудбалскит стручњаци од нашата земја, но одлуката повторно падна на Бочески, кој ќе биде на „поправен“ во Охрид.

Старо-новиот тренер првата прозивка ќе ја има околу 20 јануари.

Охриѓани во втората полусезона од второлигашкото друштво ќе имаат тешка задача да ги стигнат ривалите и да се изборат за опстанок.

OhridNews