Екипата на Кораб во режија на главниот судија Садик Таири забележа минимален триумф (1-0) над Охрид во дерби средбата од осмата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. Домаќините погодокот за победа го постигнаа од белата точка пред крајот на првиот дел. „Рибарите“ долго негодуваа за пеналот кај Таири кој не беше на ниво за еден дерби натпревар.

Во принцп не коментирам околу судиските одлуки, но делењето на правдата во Дебар ги премина сите граници. Прекршокот за пеналот немаше ниту мала основа за фаул, а не за најстрога казна. Можам да кажам дека Охрид да имаше ваквo судење изминативе натпревари ќе беше во самиот врв на табелата. За моите фудбалери немам замерки и им честитам за играта и борбеноста. – рече стратегот на Охрид, Драган Бочески.

Поразот во Дебар за Охрид беше втор во серија, а трет вкупно сезонава. Охридските „сино-бели“ шанса за враќање на победничките патеки ќе имаат против Тетекс на домашен на 24 откомври.

OhridNews

 

Пораз на Охрид во Дебар

Видео: Контроверзен пенал му пресуди на Охрид во дербито со Кораб