Македонското министерство за внатрешни работи за Телма потврди дека поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, по кого била распишана потерница е уапсен. Акцијата била спроведена ноќеска во два часот по полноќ во Белград.

Даравелски е осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во Буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината и на други институции.

OhridNews
извор Телма