После поразот во Франција од Стразбур, Пари Сент Жермен капитулираше и во Лигата на Шампиони, откако претпре пораз од Баерн Минхен 3-1 во дербито од шестата рунда. Поразот нема да го чини ништо дрим тимот на ПСЖ кој финишираше на првата позиција во групата, токму пред Баерн Минхен.

– Имавме свои шанси да го изедначиме резултатот, но не успеавме. Баерн Минхен повеќе ја посакуваше победата и заслужено стигна до неа. Ние среќни сме што дојдовме до првата позиција, но поразот за нас во дерби средбата е разочарувачки. – изјави Јулијан Дракслер.

Очекувано, задоволен од своите избраници беше Хуп Хејкенс кој стигнаа до пет последователни победи после поразот од „светците“ во првата рунда од групната фаза.

– Ова беше тимска хемија како што секој тренер посакува. Се што замисливме пред натпреварот го остваривме на теренот и многу сум задоволен од ангажирањето на фудбалерите. Коман беше неверојатен, но не ме изнедува, а Толисо констатно ми докажува дека е достоен да го носи дресот на Баерн Минхен. – изјави Хејкенс.

ЛШ: Стоп за ПСЖ во Минхен (видео)

OhridNews