Капитенот на албанската фудбалска репрезентација, Лорик Кана се соочува со суспензија 18 месеци од фудбалските поради случувањата на теренот во Белград на мечот Србија и Албанија во квалификациите за Европското првенство во Франција.


Покрај селекциите на Србија и Албанија санкционирани ќе бидат и одредени репрезентативци кои исто така учествувале во инцидентот по кој беше прекинат натпреварот.

Италијанскиот весник „Il Mesaggero“ објаснува дека на фудбалерот од Лацио, Кана го очекува најголема казна поради вербалниот дуел со навивачите.

Суспензијата од 18 месеци се однесува на репрезентативен и клупски план, а според весникот калчолигашот веднаш ќе го раскини договорот со албанскиот репрезентативец.

Ohridnews