Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо се соочува со драстична суспензија од 12 натпревари за црвениот картон, кој го направи на дуелот со Кордоба.


Роналдо „поцрвена“ при крајот на мечот кога со клоца го удри противничкиот играч и судијата го забележа тоа и веднаш го испрати во соблекувалните.


Дисциплинската комисија во Примера се уште се нема изјаснато околу можната суспензија на Португалецот, која „ривалите“ со нетрпение ја очекуваат.

Мх.П.