Манчестер Сити покрај бодовите на дербито со Челси ги изгуби Серхио Агуеро и Фернандињо кои добија директни црвени картони во финишот од мечот.


Дисциплинската комисија во Премиер лигата им одреди високи казни за картоните. Аргентинецот ќе паузира четири, додека Бразилецот три мечеви.

Агуеро меч повеќе суспензија од Фернандињо има затоа што општиот хаос на Етихад започна по неговиот непромислен старт над Давид Луиз.


Најдобриот стрелец во тимот на „граѓаните“ ќе ги пропушти мечевите Лестер, Вaтфорд, Арсенал и Хул.

OhridNews