Најдобриот кошаркар на Евробаскетот, Горан Драгиќ со солзи во очите се прости од словенската репрезентација. Посебно емотивен момент за него беше добивањето на дресот од Дражен Петровиќ од мајката на легедарниот кошаркар, Бисерка.

Таа во текот на Европското првенство не ја криеше наклонетоста кон Словенија и уште пред да станат „змајчеките“ шампиони го спореди Драгиќ со својот син кој остави неизбршлив траг во кошарката.

– Ова е еден од најубавите поклони кои сум ги добил. Дражен беше мој идол. Сите знаеме што тој направи за кошарката, и мислам дека никогаш не ќе можиме да му се оддолжиме. – изјави Драгиќ.

Покрај најкорисниот кошаркар повлекување од селекцијата на Словенија најави и селекторот Кокошков, кој ќе се фокусира на кариерата во НБА лигата која сега сигурно ќе му оди во нагорна линија.

OhridNews