ЗРСК Пастрмка – Струга, вчера, изврши порибување на риболовен ревир на реката Црн Дрим со подмладок на автохтона охридска пастрмка. Во водите на Дрим беа пуштени околу 4000 единки пастрмка, обезбедени од мрестилиштето во село Шум, Струшко кое е во склоп на Институтот за сточарство од Скопје.
– Ова порибување за нас како концесионери претставува исполнување на законската обврска преземена со потпишување на концесискиот договор за стопанисување со рибите во риболовен ревир „река Црн Дрим 1“, но од друга страна, за нас како рекреативни и спортски риболовци, претставува празник на душата затоа што нашиот риболовен ревир го збогатуваме со благородна риба. Со ова, а и со претходните и наредните порибувања, се надеваме дека ќе успееме да го вратиме стариот сјај на реката Црн Дрим, која по многумина е една од најубавите во Републикава – изјави Емил Матовски, претседател на концесионерот на риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ – ЗРСК Пастрмка од Струга.
Порибувањето се одвиваше под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата и во соработка со Институтот за сточарство – Скопје.
На 20102026 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека кај месноста „Прентов мост“ во близина на охридското село Куратица настанал пожар во пилана, во делот каде се наоѓа комората за печење на др...
Книгата „Здивот на ветрето…“ од Милован Србиноски ќе биде промовирана утре, 22 октомври, со почеток во 17 часот, во пабот „Кригла“ во Охрид Настанот ќе има интерактивен карактер, со читање по...
Во рамки на свечената програма на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, денес беше промовирано петтото, јубилејно издание на поетската збирка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.