Португалскиот стратег Жозе Мурињо по многу работи е специјален како што се нарекува, а една таква особина е немилосрдноста кон играчите кои нема да ги послушаат неговите совети.


Светските медиуми составија екипа која наликува на дрим тим од избркани играчи од Мурињо и може слободно да му конкурира на водечките во Премиер лигата и останатите национални првенства.

На голот се наоѓа Петр Чех кој по доаѓањето на Тибо Куртоа се најде во немилост и одлучи да замине во градскиот ривал на Челси, Арсенал.

Во одбраната се Бертранд, Давид Луиз, Брума и Енди Кол. Средината на теренот ја сочинуваат Есиен, Лампард, Шурле, Де Брујин и Хуан Мата додека во нападот се наоѓа Лукаку.

Во составот немаше место за Хуан Квардадо и Филипе Луис кои се најнови жртви на Мурињо.

Ohridnews