Екипата на Галатасарај предводена од супер ѕвездите Дидиер Дрогба и Весли Снајдер ја освои 19-та титула во турската Супер лига.


19-от трофеј избраниците на “императорот“ го осигураа со победа над Сиваспор со 4-2 и ја заокружија одлично сезоната во која стигнаа до 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


До крајот на првенството остануваат уште две кола во кои ќе се одлучи вториот патник во Лигата на Шампиони и која екипа ќе се пресели еден ранг подолу.

Мх.П.