Кошаркарската репрезентација на САД убедливо со 96-66 ја совлада Србија во финалето и го одбрани олимпиското злато. Селекцијата на северниот сосед само во првиот период им пружи посериозен отпор на членовите на дрим тимот 19-15. Потоа “јенките“ предводени од Кевин Дурант 30 поени не дозволија изнендување.
 
Во селекцијата на Ѓорѓевиќ најпрецизен беше Недановиќ со 14 поени.
 
Бронзениот медал го освои Шпанија која со 89:88 ја совлада Австралија во мечот за третото место.