Со мотото на 6-тото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОN кој ќе се одржи од 25-29 јули, во Струга, „Култура сега!“ се апелира дека е доста со запоставување на оваа важна гранка во општеството и дека мора веднаш да се дејстува за нејзино издигнување од пепелта. Се апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите.

-Гласот ќе го артикулираме преку петдневна програма богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. Изданието се создаваше во соработка со клучните гласови од независната културна сцена, кои се заслужни за идејата да се превртат концептите на културните политики и да се постават нови постулати и стандарди насочени кон врвност, современост и европска вредност. ЈАДРО асоцијација на независната културна сцена; Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата; Desonanz, издавачите Темплум, Три, Или- Или и фондацијата Славко Јаневски.- истакнуваат организаторите.

Фестивалот е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, во копродукција со НУЦК „Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, преку годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија, за проектот „Заедничка платформа за култура – култура до сите!