Одлучувачкиот момент се случи по половина час игра кога по длабочинската топка на Исмаили, Али ја избегна офсајд замката, и го лобовираше истрчаниот Цветкоски, кој неславно дебитираше на голот на “градежинците“.Охриѓани одиграа уште еден очаен натпревар, не успевајќи да го загорозат голот на Тефики. Слабата игра на “плаво – белите“ во целост им овозможи на гостите да ја прекинат низата од шест кола без победа.
По серијата порази “градежинците“ кои стартуваа одлично во првиот дел, во финишот паднаа на деветтата позција само еден бод над местата кои водат во понизок ранг.










