Аспирантот за висок пласман тимот на Дрита со 2-0 го совлада Охрид Лоте во 19-та рунда од шампионатот. Гостите уште во третата минута го отворија резултатот преку Радески, а конечните 2-0 ги постави Муниши во 61-та минута.


Почетното невнимание на потесната одбрана на “градежниците“ ја казни Радески, по центаршутот на Алии. Примениот погодок ги разбуди охриѓани,  притиснаа и створија неколку изгледни прилики за погодок. Најдобрата шанса за изедначувачкиот погодок во првиот дел ја имаше Секуловски, но пропадна откако не се разбраа со Ќелешоски и си посместаа еден на друг.


Во вториот дел се повтори истата слика, “градежниците“ беа тие кои го водеа темпото на игра, а гостинската екипа  опасна беше преку контри и полуконтри. По една таква ситуација, стрелецот на првиот погодок Радевски со “петта“ го проигра Муниши кој пласираше во десниот горен агол на голманот Капрически и го дуплираше водството.

После вториот гол во мрежата охриѓани фрлија на една карта, нападот. Далчев беше проигран од Речкоски, првиот биеше но стативата беше сојузник на голманот на гостите Адили.


Охрид Лоте во пролетниот дел од првенството го претрпе вториот пораз на домашен терен, прво Миравци ги освои трите бода во Охрид, а во 19-та рунда со “полна капа“ си замина екипата на Дрита. Во наредното 20-то коло тимот на Охрид Лоте гостува кај претендентот за опстанок Кораб.

Мх.П.