Од 7ми до 9ти јули 2025, паркингот кај поранешната Касарна Охрид ќе се претвори во магично Drive-In Cinema, дел од програмата на „The Cultural Seven“ во организација на Културолошка Иницијатива „5 до 12“.

Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови, посочуваат.

На 07.07.2025 (понеделник) ќе биде прикажан филмот The Magnificent Seven (2016), на 08.07.2025 (вторник) – М (2023) – македонски хорор на Вардан Тоѕија, додека на 09.07.2025 (среда) – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски + краткометражниот Mi(s)sing Dog (2018) на Антонио Вељаноски.

Влезот е отворен од 20:00 часот, проекциите започнуваат околу 21 часот, со цена на билет од 500 денари (од 1 до 5 луѓе во еден автомобил). Овој настан нуди ретка можност за едно поинакво, носталгично кино доживување кое ги обединува луѓето преку филмската магија, додаваат ораганизаторите.

OhridNews