Робусниот напаѓач, Дидер Дрогба со два погодоци беше најзаслужен за победа од 3-1 на Галатасарај над Мерсин.

Гостите во третата минута преку Есер стигнаа до предност 1-0. Водството љубоморно го чуваа до 61-та минута кога Мело го изедначи резултатот. Тогаш на сцена стапи Дрогба, кој прво во 70-та погоди за 2-1, а во 84-та минута ја запечати победата.


Галатасарај од 30-та минута од мечот играше со фудбалер помалку откако директен црвен картон заработи Камерунецот, Ноукеноу.

Мх.П.